Достапни линкови

Исламската држава ги повикува јазидите да го прифатат исламот


Раселени лица од ирачкото малцинство на јазиди.

Раселени лица од ирачкото малцинство на јазиди.

Милитантите од Исламската држава објавија видео во кое го повикуваат иррачкото малцинство на јазидите да го прифатат исламот. Видеото доаѓа по меѓународната осуда за Исламската држава по убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли и по убиството на стотици јазиди, меѓу кои жени и деца во Ирак. За време на офанзивата во северен Ирак, милитантите на јазидите им дадоа ултиматум или да го прифатат исламот или да се соочат со смртта.

XS
SM
MD
LG