Достапни линкови

Хамас се закани со одмазда за убиството на командантите


Израелски воздушни напади врз Појасот Газа.

Израелски воздушни напади врз Појасот Газа.

Милитантната група Хамас упати закана дека ќе се одмазди за смртта на нивните тројца команданти кои беа убиени во израелски воздушен напад во Појасот Газа. Портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри изјави дека Израел нема да успее да ја скрши волјата на нивните припадници или да го ослабе нивниот отпор, при што земјата ќе ја плати цената. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги пофали безбедносните служби за прецизното извршување на нападите.

XS
SM
MD
LG