Достапни линкови

Американски доктор излечен од ебола


Докторот Кент Брантли со заштитна опрема во Либерија.

Докторот Кент Брантли со заштитна опрема во Либерија.

Американскиот доктор Кент Брантли кој беше заразен со ебола наскоро ќе ја напушти болницата во Атланта. Медицински лица соопштија дека тој оздравел благодарение на експерименталниот лек. Брантли се зарази со вирусот во Либерија, по што на почетокот на август беше пренесен во САД.

Освен Брантли, уште една докторка Ненси Вритбол е подолжена на експерименталниот третман во болницата во Атланта. Еболата досега одзема 1400 животи во западна Африка.

XS
SM
MD
LG