Достапни линкови

Нападнати камиони кои пренесувале гориво за НАТО во Авганистан


Вооружена група застрелала двајца возачи на камиони во северозападниот дел на Пакистан кои требале да испорачаат гориво за НАТО силите во Авганистан. Нападот се случил на 25 километри од Пешавар во близина на границата со Авганистан. Локалните власти и сведоци соопштија дека возачите на двата камиони биле убиени од милитанти на моторцикл кои биле вооружени со автоматски пушки. Напаѓачите потоа со молотови коктели ги заплиле камионите со возачите во нив.

XS
SM
MD
LG