Достапни линкови

logo-print

Турција денеска добива нов премиер


Раководството на турската владејачка Партија на правдата и развојот денеска ќе избира нов партиски шеф и иден премиер на Турција, наследник на Реџеп Таип Ердоган кој е избрaн за претседател на државата. Аналитичарите оценуваат дека најсилен кандидат за тоа место е шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу. Денешното номинирање треба да биде потврдено на вонредниот конгрес на партијата закажан за 27 овој месец. Претседателот на Турција, според законот, не може да биде и лидер на партија, па Ердоган ќе мора да поднесе оставка на таа позиција пред да даде заклетва на 28 август.

XS
SM
MD
LG