Достапни линкови

Министерот за правда на САД во Фергусон


 Ерик Холдер

Ерик Холдер

Американскиот министер за правда Ерик Холдер го посети Фергусон, предградие на Сент Луис каде што живеат афроамериканци во обид да ги смири неколкудневните протести откако полицијата убие едно црно момче. „Се надевам дека мојата посета ќе ја смири ситуацијата“, изјави Холдер кој на тамошните жители им вети бескомпромисна истрага за да се утврди дали убиството што се случи на 9 август било расистички мотивирано. Погребот на момчето е закажан за в понеделник и се страхува дека тогаш би можело да дојде со нови масовни нереди.

XS
SM
MD
LG