Достапни линкови

logo-print

Албанија ќе испрати оружје и муниција за Ирак и Авганистан


Aлбанската Влада донесе одлука, како член на меѓународната коалиција против тероризмот, на Ирак и на Авганистан да им подари муниција и оружје.

Според одлуката објавена во Службен весник, на владата на Ирак ќе и бидат дадени 22 милиони куршуми, 15 илјади рачни бомби, 15 илјади минофрлачки гранти 60 мм, 12 илјади минофрлачки гранати 92 мм, пет илјади минофрлачки гранати 120 мм и 12 илјади 40 мм ГХЛКТ, модел 1969.

Исто така Албанија, на националната полиција на Авганистан ќе и подари 10 илјади автоматски пушки модел 56 калибар 7,62 мм. Одлуката,која е донесена на 15 август, ќе ја спроведе Министертвото за одбрана

XS
SM
MD
LG