Достапни линкови

Пентагон се обидел да ги ослободи американските заложници во Сирија


Пентагон соопшти дека Американската војска неодамна се обидела со спасувачка операција да ги ослободи американските заложници што ги држат милитантите од Исламската држава во Сирија, но оти не успеала да ги најде. Во операцијата биле вклучени воздушни и копнени компоненти.Мисијата ја овластил Американскиот претседател Барак Обама, се наведува во соопштението од Лиса Монако, главниот помошник на Обама во борбата против тероризам. Во текстот не се наведува кои заложници САД се обидувале да ги спасат. До оваа вест што беше објавена синоќа дојде еден ден откако џихадистите го објавија видеото на кое беше покажано обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој беше киднапиран во Сирија во ноември 2012 година. Американскиот претседател Барак Обама вети дека ќе продолжи со нападите врз групата и покрај заканите дека ќе биде убиен друг американски заложник .Обама рече дека Исламската држава е „рак“ кој му се заканува на регионот.

XS
SM
MD
LG