Достапни линкови

ОН бара обновување на преговорите меѓу Израел и Палестинците


Советот за безбедност на ОН изрази сериозна загриженост во врска со продолжувањето на непријателствата во појасот Газа меѓу Израел и Палестинците. 15-члениот Совет за безбедност ги повика двете страни да ги обноват преговорите и итно да се дојде до одржлив и траен прекин на огнот.Судирите продолжија по 10-дневниот период на примирје. Тоа беше најдолгата пауза во борбите откако Израел ја започна офанзивата во Газа на 8 јули, во обид да стави крај на ракетните напади врз нејзина територија.

XS
SM
MD
LG