Достапни линкови

Денеска треба да почне проверката на Рускиот конвој


Украинските гранични чувари денеска се очекува да започнат со проверка на дел од пакетите од Рускиот хуманитарен конвој. Четири руски камиони од конвојот од вчера се наоѓаат во царинската зона во близина на украинската граница.Андриј Лушенко , портпаролот на Украинскиот Националниот совет за безбедност, изјави дека проверката не можело да започне веднаш, бидејќи Русија не ги обезбедила сите потребни документи. Конвојот е заглавен на границата меѓу Русија и Украина речиси една недела поради загриженоста на Украина дека тоа можело да се икористи за да се инфилтрира воена опрема за про-руските сепаратисти во источна Украина. Москва тврди дека мисијата треба да им овозможи хуманитарна поддршка на цивилите.

XS
SM
MD
LG