Достапни линкови

Пакистанската влада на разговори со демонстрантите


Пакистанските владини министри и опозициските политичари се сретнаа со претставници на демонстрантите кои ги опколија административните згради во главниот град, Исламабад. Владините претставници синоќа се сретнаа со претставници од групата на свештеникот Тахир ул-Кадри, една од двете групи кои собраа илјадници демонстранти во обид да се принуди премиерот Наваз Шариф да поднесе оставка. Нема детали од разговорите со претствниците на Кадри освен дека дијалогот ќе продолжи.Политичарот Имран Кан, кој предводи друга група демонстранти изјави дека нема да учествува во какви било разговори се додека Наваз Шариф не поднесе оставка. Демонстрантите од двете групи во изминатите денови излегоа на улиците на Исламабад барајќи оставка на Шариф.

XS
SM
MD
LG