Достапни линкови

Украина се надева на помош од ММФ од 2,2 милијарди долари


Украинскиот премиер Арсениј Јацењук

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук

Украинските власти се надеваат дека ММФ ќе им дозволи да земат два кредита одеднаш со што економијата на земјата ќе биде помогната за 2,2 милијарди долари до крајот на годината. Министерството за финансии соопшти дека Киев сака одеднаш да ја земе третата и четвртата транша од помошта.

Пакетот за помош на Украина беше одобрена во април со цел земјата да се опорави од политичката криза. Но, премиерот Арсениј Јацењук изјави дека борбите во источниот дел на земјата влијаат на економијата и спроведувањето на реформите.

XS
SM
MD
LG