Достапни линкови

Осуда за убиството на американски новинар во Ирак


Американскиот новинар Џејмс Фоли.

Американскиот новинар Џејмс Фоли.

Меѓународната заедница го осуди видеото во кое милитант на Исламската држава му ја отсекува главата на американскиот новинар Џејмс Фоли во знак на одмазда за воздушните напади на САД врз бутовниците во Ирак. Белата куќа соопшти дека ако видеото е вистинско тие ќе бидат вџашени од постапката. Британскиот премиер Дејвид Камерон го прекина одморот за да се врати во Лондон за да ја предводи потрагата за идентификација на сторителот на делото, кој во видеото зборува на британски акцент.

Според, францускиот министер за надворешни работи Лорент Фабиус доколку биде потврдено убиството со тоа ќе се покаже вистинското лице на варварскиот калифат. Францускиот претседател Франсоа Оланд повика на меѓународна конференција за да се разговара за справувањето со Исламската држава.

XS
SM
MD
LG