Достапни линкови

Жерновски со писмо до Јанкулоска за инцидентот во општина Центар


Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски преку отворено писмо ја повика министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да ги најде виновниците за инцидентот пред зградата на општината во јуни минатата година. Жерновски наведува дека бил оштетен имот на општината, повреден еден вработен и едвај бил спречен линч на градоначалникот, советниците, новинарите и на вработените, но за Јанкулоска настанот не се случил.

Настанот, како што изјави Жерновски, е регистриран преку фото-документацијата за состојбата на салата каде во тој момент се одржувала седница, но и преку медиумите.

XS
SM
MD
LG