Достапни линкови

ОН со осуда за инцидентот на пребројувањето гласови во Авганистан


Претседателскиот кандидат Абдула Абдула

Претседателскиот кандидат Абдула Абдула

Мисијата на ОН во Авганистан го осуди судирот помеѓу тимот на претседателскиот кандидат Абдула Абдула и вработените во независната изборна комисија. Судирот се случил во местото каде се врши ревизија на гласачите ливчиња, при што неколку лица се повредени.

Според соопштението, не е прв пат претставници од изборните тимови да учествуваат во насилни акти. ОН наведуваат дека тие се одговорни за насочување на вработените во изборната комисија и за контрола на ситуацијата за да не се случуваат спорови кои ќе преминат во конфронтација.

XS
SM
MD
LG