Достапни линкови

Германија ќе ги снабди со оружје курдските сили во Ирак


Министерот за надворешни работи на Германија, Френк Валтер Штајнмаер

Министерот за надворешни работи на Германија, Френк Валтер Штајнмаер

Германските власти соопштија дека се подготвени да испратат оружје на курдските сили кои се борат против милитантите на Исламската држава во Ирак. Министерот за надворешни работи Френк Валтер Штајнмаер изјави дека откако некои земји членки на ЕУ испратиле оружје и Германија е подготвена да го направи истото.

Се уште не се знае каков тип на оружје ќе биде испратено, а одлуката ќе биде донесена за една недела. ЕУ во минатата недела дозволи снабдување на оружје на курдските сили.

XS
SM
MD
LG