Достапни линкови

Лизгање на земјиште во Јапонија, 27 жртви


Јапонскиот премиер Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе

Во лизгање на земјиште во западниот дел на Јапонија загинале најмалку 27 лица, а девет се водат за исчезнати. Десетици домови биле зафатени од лизгањето на земјиштето по поројните дождови во регионот Хирошима. Спасувачките екипи се во потрага по преживеани. Властите соопштија дека имало најамлку пет лизгања на земјиштето.

Јапонската војска била распоредена за да помогне во спасувачката мисија, по барањето на локалните власти. Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека ќе издвојат значителни ресурси со цел да ја помогнат спасувачката операција.

XS
SM
MD
LG