Достапни линкови

logo-print

Јужен тек засега и не ѝ треба на Македонија


Од Македонски енергетски ресурси велат дека македонскиот гасоводен систем е стабилен и наредните 5 години нема потреба од дополнителни количини на природен гас.

Случувањата во врска со гасоводот Јужен тек во овој момент не го загрозуваат снабдувањето на Македонија со природен гас, велат од компанијата Македонски енергетски ресурси, која заедно со руски Газпром ќе го гради кракот на гасоводот од Јужниот тек во Македонија. Тие ова го кажаа откако Бугарија ги прекина активностите за изградбата на Јужен тек. Од Македонски енергетски ресурси велат дека македонскиот гасоводен систем е стабилен и наредните 5 години нема потреба од дополнителни количини на природен гас. Се надеваме дека за овој период ќе се усогласат барањата на Европската комисија за изградба на гасоводот Јужен тек, дополнуваат од компанијата.

Во овој момент Македонија троши многу мали количини од постоечкиот гасовод, така што во овој момент и нема потреба да се доведува во прашање претстојната гасификација со проектот Јужен тек.

Експертите со став дека прекинот на градбата нема да има влијание врз Македонија. Ние добиваме испорака на мали количества гас, вели Митко Андреевски.

„Македонија не значи ништо, бидејќи Македонија и досега не беше на трасата на Јужниот тек, беше поврзување со крак од Јужниот тек, којшто евентуално ќе требаше да обезбеди дополнителни количини при зголемена конзумација на природен гас. Во овој момент Македонија троши многу мали количини од постоечкиот гасовод, така што во овој момент и нема потреба да се доведува во прашање претстојната гасификација со проектот Јужен тек“, вели Андреевски.

Jас се надевам дека Бугарија сепак ќе продолжи со активностите за реализација на овој проект.

Во меѓувреме, откако проектот се проблематизира, некои аналитичарите излегоа со проценка дека следна алтернативна траса за гасоводниот систем би можела да биде Турција.

Но, не мислат сите така. Прекинот на Јужен тек од Бугарија значи прекин на целиот тој коридор и која било друга земја која би го продолжила изградувањето на тој проект не би имало резултат, оценува Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

„Делумно, продолжувањето во некоја од земјите, да кажеме Албанија или Република Македонија или од друга страна Република Турција претставува само сегмент од коридорот. Од тој аспект јас се надевам дека Бугарија сепак ќе продолжи со активностите за реализација на овој проект, бидејќи која било од другите земји што и да направи на тој план, тој коридор не може да биде целосен и од тој аспект нема да ги исполни очекуваните цели“, вели Марковски.

Експертите сепак се надеваат дека ЕУ ќе помогне Бугарија да ја заврши изградбата на Јужен тек. Според постоечката траса, Јужен поток од Русија преку Црното Море, односно Бугарија, треба да стаса до Србија, а од таму со краци би се обезбедило поврзување со Хрватска, Босна и Херцеговина и Унгарија.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG