Достапни линкови

Демонстрации пред парламентот на Пакистан, се бара оставка на премиерот


Исламабад, 20.08.2014

Исламабад, 20.08.2014

Лидерот на протестот пред парламентот на Пакистан, Тахир Ал Кадри денеска ги повика демонстрантите да ја блокираат заградата во која пратениците расправаат за политичката криза со премиерот Наваз Шариф. До седницата на парламентот доаѓа ден по демонстрациите во Исламабад за оставка на премиерот Шариф.

Опозициониот политичар Имран Кан, лидер на друг протест, ги повика следбениците да не го напаѓаат парламентот, но предупреди дека доколку премиерот Шариф до вечер не поднесе оставка, ќе ги води демонстрантите кон канцеларијата на премиерот. Полициски и армиски сили се распоредени пред канцелариите на премиерот, а портпарол на армијата повика на смиреност.

XS
SM
MD
LG