Достапни линкови

Милитантите од Исламската држава објавија видео снимка од обезглавување на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој беше киднапиран во Сирија во 2012 година од непознати вооружени лица. Снимката со наслов „Порака до Америка“ беше објавена на социјалните медиуми вчера, но сè уште не е утврдена нејзината автентичност.

Во петминутното видео, маскиран милитант кој зборува со британски акцент вели дека Џејмс Фоли бил убиен како одмазда за најновите американски воздушни напади врз позициите на Исламската држава во северен Ирак.

Никогаш не сме погорди на нашиот син Џим. Тој го даде својот живот обидувајќи се да му го изложи на светот страдањето на сирискиот народ. Ги молиме грабнувачите да ги поштедат животите на преостанатите заложници.

На снимката е прикажан и еден жив заробеник, кој од милитантите е идентификуван како Стивен Сотлоф, американски новинар кој исчезна во Сирија во минатата година.

Твитер и Јутјуб набргу ги блокираа линковите до видеото на кое било прикажано насилството и кое било снимено од Ал Фуркан Медиа, официјална новинска агенција на Исламската држава.

Џејмс Фоли

Џејмс Фоли

Веднаш не беше можно да се потврди автентичноста на видеото, но семејството на Фоли на Фејсбук напиша:

Ако одите да ја уништите Исламската држава тогаш ќе мора да ја уништите нејзината главна оперативна база во Сирија, од каде што потекнува. Но, се чини дека е јасно оти Американците нема наскоро да интервенираат во Сирија.

„Никогаш не сме погорди на нашиот син Џим. Тој го даде својот живот обидувајќи се да му го изложи на светот страдањето на сирискиот народ. Ги молиме грабнувачите да ги поштедат животите на преостанатите заложници.“

Белата куќа соопшти дека американските разузнавачки служби ја проучуваат снимката.

„Доколку е вистинска, Соединетите Држави ќе бидат вџашени од бруталното убиство“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Кејтлин Хајден.

Исламската држава е милитантна група која се залага за исламски калифат и која во изминативе месеци освои големи територии во Сирија и во Ирак.

Милитантите на Исламската држава, според извештаите, масакрирале илјадници луѓе во подрачјата кои се под нивна контрола. Тие исто така од таму ги прогонуваат немуслиманите, како језидите и христијаните, но и шиитските муслимани.

Нивното напредување во северен Ирак ги принуди Соединетите Држави да покренат воздушни напади во таа земја за прв пат од повлекувањето на американските војници во 2011 година.

„Ако одите да ја уништите Исламската држава тогаш ќе мора да ја уништите нејзината главна оперативна база во Сирија, од каде што потекнува. Но, се чини дека е јасно оти Американците нема наскоро да интервенираат во Сирија. Се водат дебати за тоа во Вашингтон, Лондон и Париз. Не мислам дека Исламската држава ќе биде поразена, бидејќи не постои доволно политичка волја за тоа. Тие се подготвени само да го запрат ширењето на милитаните“, вели Мајкл Стивенс, експерт за Блискиот Исток и заменик директор на Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии во Катар.

Ирачките сили објавија дека вчера постигнале напредок во борбите со милитантите во градот Тикрит кој се наоѓа на 140 километри од Багдад.

Претходно, ирачките и курдските сили соопштија дека ја вратиле контролата врз стратегиски важната брана Мосул.

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации соопшти дека денеска покрена хуманитарна операција за околу половина милион расселени луѓе поради борбите во северен Ирак.

Станува збор за четиридневен воздушен мост за снабдување на бегалците со шатори, храна и лекови за курдскиот град Ирбил. Освен авиони во операцијата ќе бидат вклучени и конвои со камиони од Турција и Јордан.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG