Достапни линкови

Узбекистанскиот претседател ја завршува посетата на Кина


Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов, по разговорите со кинескиот претседател Кси Џинпинг, ја завршува дво-дневната посета на Кина. Двајцата претседатели потпишаа план за развој на билатералните односи во наредните 5 години. Претставници на двете земји потпишаа и неколку договори за економска соработка, во вредност од околу 6 милијарди долари. Каримов и Џинпинг исто така се согласиле дека е приоритет изградбата на гасовод кој ќе ја поврзува Кина со централна Азија.

XS
SM
MD
LG