Достапни линкови

Крај на привремениот прекин на огнот во Појасот Газа


Привремениот прекин на огнот во Појасот Газа е завршен. Израелската армија соопшти дека извршила серија воздушни напади во Појасот Газа како одговор на новите ракетни напади од милитантите на Хамас. Израел вчера соопшти дека од Газа биле испукани над 50 ракети, но оти во нападите нема повредени. Со ракети со долг дострел биле гаѓани и Тел Авив и Ерусалим. Во израелските напади биле убиени тројца луѓе, меѓу кои и жената и ќерката на воениот командант на Хамас Мохамед Деиф.

Преговорите во Каиро за долгорочно примирје завршија без успех. Израел соопшти дека „продолжувањето на разговорите е невозможно“ поради ракетните напади. Палестинците, пак, го обвинија Израел за непостигнувањето договор.

Палестинските власти велат дека повеќе од две илјади Палестинци и 66 Израелци загинаа откако Израел ја почна офанзивата во Газа на 8 јули.

XS
SM
MD
LG