Достапни линкови

Полициски час поради еболата во Либерија


Либерија, воведе полициски час и стави во карантин населби во главниот град Монровија, во обид да се запре смртоносната ебола. Претседателката на оваа африканска земја, Елен Џонсон Сирлиф, изјави дека полицискиот час важи цела ноќ, почнувајќи од 21 часот до 6 часот наутро. Мерките уследија откако министерот за информации Луис Браун изјави дека тројца доктори со ебола кои почнале со земање на експериментален лек минатата недела покажале извонредни знаци на подобрување.

Еболата се пренесува преку директен контакт со телесните течности на инфицирано лице. Повеќе од 1.200 луѓе починаа од вирусот во Западна Африка оваа година. Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне прогласија вонредни состојби поради вирусот.

XS
SM
MD
LG