Достапни линкови

Полицијата уби уште еден црнец во областа на Сент Луис


Илустрација.

Илустрација.

Полицијата уби уште еден човек со афро-американско потекло во областа на Сент Луис за само 11 дена, настан што се заканува дополнително да ги разгори тензиите. Полицијата соопшти дека на 19 август двајца полицајци убиле маж вооружен со нож. На 9 август, пак, полицаец уби невооружен тинејџер, што предизвика насилни протести во градот Фергусон во државата Мисури и доведе до голема полициска операција. Аутопсијата покажа дека тинејџерот Мајкл Браун бил застрелан шест пати, од кои два пати во главата. Денеска американскиот државен обвинител Ерик Холдер треба да допатува во посета на Фергусон за да се сретне со претставници на истрагата за убиството. Исто така, денеска обвинителите пред порота треба да ги презентираат доказите против полицаецот кој го уби Браун, а поротата ќе утврди дали ќе подигне обвинение против него.

XS
SM
MD
LG