Достапни линкови

Давутоглу веројатен наследник на Ердоган


Турскиот претседател во заминување, Абдула Ѓул, изјави дека министерот за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, најверојатно ќе ја преземе функцијата претседател на владејачката партија на правдата и развојот, со што ќе стане следниот премиер. Ѓул ова го изјави на прошталниот прием кој вчера се одржа во главниот град Анкара. Актуелниот премиер на Турција и претседател на владејачката партија Реџеп Таип Ердоган претходно овој месец победи на првите директни претседателски избори во земјата. Ердоган ќе се повлече од функцијата лидер на партијата на 28 август кога ќе биде инаугуриран за претседател на земјата. Формалната одлука за наследник на Ердоган ќе се донесе на Конгресот на партијата кој треба да се одржи на 27 август.

XS
SM
MD
LG