Достапни линкови

logo-print

Големи анти-владини протести во Пакистан


Пакистанската армија ги повика владата и опозицијата да ја решат политичката криза преку дијалог, откако илјадници антивладини демонстранти дојдоа пред Парламентот во Исламабад, откако претходно ги пробија полициските барикади.

„Сите чинители треба веднаш да почнат дијалог за надминување на разликите“, стои во денешното соопштение на армијата.

Десетици илјади демонстранти синоќа ги пробија барикадите од бродски контејнери Исламабад и продолжија со протестниот марш кон Парламентот за да побараат оставка од премиерот Наваз Шариф. За поместување на контејнерите користеле и кранови.

Илјадници пакистански полицајци и припадници на паравоени формации пред маршот со контејнерите се обидуваа да ја обезбедат т.н. „црвена зона“ – политички и дипломатски дел од Исламабад. Полицијата има наредба да се обиде да избегне насилство.

Протестите ги предводат поранешната крикет ѕвезда Имран Хан, кој е на чело на третата по големина политичка партија во земјата и конзервативниот свештеник Тахир ул-Кадри. Нивните одделни протести имаат иста цел – соборување на владата на Шариф, кого го обвинуваат за корупција и местење на изборите.

Неколку часа пред почетокот на маршот, министерот за внатрешни работи соопшти дека за спречување на протестите ќе бидат распоредени и војници.

XS
SM
MD
LG