Достапни линкови

logo-print

Украина забрани емитување на 14 руски телевизии


Украина вчера го забрани емитувањето на 14 руски телевизиски канали во земјата, поради „ширење воена пропаганда“. Меѓу забранетите канали се Раша тудеј и Лајф њуз. Советникот во украинското министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, на Фејсбук објави дека телевизиите се забранети во Украина поради тоа што „емитувале пропаганда на војна и насилство“. Киев веќе го забрани емитувањето на некои руски телевизии, откако конфликтот меѓу проруските сепаратисти и владините сили во источна Украина се засили. Организациите за слобода на медиуми и ОБСЕ ги повикаа украинските власти на екстремна воздржаност во цензурата на медиуми и на интернет.

XS
SM
MD
LG