Достапни линкови

Путин ќе се сретне со Порошенко во Минск


Рускиот претседател Владимир Путин со неговиот украински колега Петро Порошенко.

Рускиот претседател Владимир Путин со неговиот украински колега Петро Порошенко.

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со неговиот украински колега Петро Порошенко на 26 август во главниот град на Белорусија. Според соопштението, Путин во Минск ќе се сретне со Порошенко и со претставници на Европската комисија, како и на Евроазиската царинска унија, која е составена од Русија, Казахстан и Белорусија.

Порошенко ја потврди информацијата и изјави дека стабилизација на ситуацијата во источна Украина ќе биде во фокусот на разговорот. Путин и Порошенко за последен пат се сретнаа во јуни.

XS
SM
MD
LG