Достапни линкови

Тројца роднини на папата загинале во собраќајна несреќа


Папата Франциско

Папата Франциско

Аргентинските локални медиуми јавија дека тројца роднини на папата Франциско загинале кога нивниот автомобил се судрил со камион во покраината Кордоба. Внукот на папата, Емануел Бергоглио, кој го возел автомобилот се наоѓа во тешка состојба. Меѓу загинатите се неговата сопруга и нивните две малолетни деца. Медиумите јавија дека автомобилот се удрил во позадината на камионот кој пренесувал жито.

XS
SM
MD
LG