Достапни линкови

Газа го нарушила примирјето со Израел


Палестински војници.

Палестински војници.

Израелската војска соопшти дека три ракети биле истрелани од Појасот Газа со што било нарушено привременото примирје. Според војската, ракетите завршиле во близина на јужниот град Биршеба. Израелските власти веднаш и наредиле на војската да одговори на нападот. Израел започна офанзива против милитантите од Хамас на 8 јули со цел да се запрат ракетните напади од Газа.

Израелските и палестинските преговарачи вчера се согласија за продолжување на прекинот на огнот за уште 24 часа за да продолжат разговорите за постигнување трајно примирје.

XS
SM
MD
LG