Достапни линкови

logo-print

И олдтајмерџиите бараат олеснувања од државата


Сопствениците на олдтајмери бараат поддршка од државата да можат во одредени денови да ги возат нерегистрирани возилата, но исправни.

Голем дел од македонските олдтајмери се продадоа во соседните земји зашто сопствениците немаа пари да ги одржуваат и регистрираат, па не можеа ни да ги возат. Ова беше истакнато од повеќето олтајмерџии учесници на неодамнешната ревија на стари возила во Битола. За да запре ваквиот негативен тренд на продажба, на како што ги нарекуваат, македонските авто икони, бараат поддршка од државата да можат во одредени денови да ги возат нерегистрирани возилата, но исправни.

Возилата од Македонија „избегаа“. А Македонија била богата со вакви возила, дури и „форд Т“ имало во Битола од 1924 година. Во Охрид пак најстарото возило е од 1911 година, но сопственикот нема моќ да го регистрира.

„Министерството да ни дозволи во викенди и на празници да ги возиме колите. Но, претходно треба да се формира професионално друштво кое според утврдени правила ќе одреди кое возило е олдтајмер, но исправен со технички преглед. Значи, сопствениците на возилата ќе го платат техничкиот преглед, но да бидат ослободени од други давачки“, вели Шпејтим Џоку, љубител на стари возила.

Шпејтим Џоку, љубител на стари возила.

Шпејтим Џоку, љубител на стари возила.

Тој додава дека секое старо возило не е олдтајмер. „Ако опелот или друго возило не е со оригинални делови, тоа не е олдтајмер. Или ако олдтајмерот не е 50 години стар, не е олдтајмер. Ние во Македонија ги нарекуваме олдтајмери сите стари возила.“

Можеш автомобилот да го купиш за 200 евра, а шофершајбната да чини 2.000 евра.

Реставрацијата на старите возила е скапа и понекогаш може да чини колку да се купи понова кола, објаснува олдтајмерџијата Томе Аслимовски.

„Многу чини да се реставрира еден ваков автомобил. Се започнува од нула, основно е каросеријата, па се до гумички и лајсни, тежок и долг процес. Ако на некого му е потребна шофершајбна има фирми кои ги прават и се порачува кај нив, прават за олдтајмери буквално до завртка. Можеш автомобилот да го купиш за 200 евра, а шофершајбната да чини 2.000 евра, вели Томе Аслимовски.

Во Македонија се проценува дека до пред десетина години имаше стотина олдтајмери, но нема прецизен број колку се останати денес.

„Возилата од Македонија „избегаа“. Ги купуваат Бугарите, Србите, војниците од НАТО ги зедоа. А Македонија била богата со вакви возила, дури и „форд Т“ имало во Битола од 1924 година. Во Охрид пак најстарото возило е од 1911 година, но сопственикот нема моќ да го регистрира“, додава Џоку.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG