Достапни линкови

logo-print

Јахјага-Исламскиот радикализам главен проблем на Косово


Косовската претседателка Атифете Јахјага

Косовската претседателка Атифете Јахјага

Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска изјави дека „исламскиот радикализам“ е еден од главните проблеми во земјата. Според неа, институциите треба да дејствуваат против поединците и групите кои претставуваат закана за безбедноста на Косово.

Јахјага во интервју за програмата на албански јазик на Радио Слободна Европа порача дека е важно општеството да се дистанцира од криминалните и екстремистичките злосторства, кои немаат ништо заедничко со вредностите и идеалите врз кои ја градат државата. Таа оцени дека станува збор за поединци кои се закана за националната безбедност на Косово.

XS
SM
MD
LG