Достапни линкови

Борби на владините сили и сепаратистите во Луганск


Украински војници.

Украински војници.

Украинските владини сили се судриле со проруските сепаратисти во Луганск, кој е еден од двата града под контрола на бунтовниците во источниот дел на земјата. Во меѓувреме, владините сили ја зајакнале својата позиција околу Доњецк, преземајќи ја контролата врз еден град во близина. Според соопштението, борбите ги прекинале напорите за враќање на телата на цивилите кои биле убиени од сепаратистите додека бегале од Луганск. Досега се пронајдени 15 тела на цивили.

XS
SM
MD
LG