Достапни линкови

Почина професионален војник на АРМ на стражарско место


архива

архива

Триесет и седумгодишен професионален војник на АРМ починал на смена на стражарското место на издвоениот објект на АРМ „Еребино“, на 16 август во еден часот по полноќ за време на редовно извршување на стражарската служба, соопшти денеска Генералштабот на АРМ. Причината за смртта ќе се знае по објавувањето на извештајот од Судска медицина.

На професионалниот војник во текот на смената на стражарското место, при качување во моторно возило видно му се слошило, од каде бил веднаш пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде лекарите констатирале смрт.

По наредба на Јавен обвинител, повикан е доктор по судска медицина од кого е утврдено дека кај професионалниот војник нема надворешни повреди и траги на насилство кои би влијаеле на причината за смртта, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG