Достапни линкови

logo-print

Слоновите може да ги снема за 100 години


Во Африка меѓу 2010 и 2012 година ловокрадци убиле околу 100.000 слонови се наведува во вчера објавената студија.

Проценките дека доколку се продолжи со ова темпо, на земјата нема да има слонови за 100 години.

Меѓу 2010 и 2013 година, Африка загуби во просек 7 насто од слоновите. Нелегалната трговија со слонови коски се зголеми во последниве години.

Еден килограм слонова коска вреди илјадници долари, а побарувачката е најголема во Азија.

XS
SM
MD
LG