Достапни линкови

Уште една немирна ноќ во Фергусон


Полицијата употреби солзавец и парализирачки гранати против демонстрантите во градот Фергусон во Мисури каде и минатата ноќ имаше безредија поради тоа што невооружен црн тинејџер беше застрелан од страна на полицаец на 9 август.

Американскиот претседател Барак Обама најави дека денеска Главниот обвинител Ерик Холдер ќе отпатува за Фергусон. Обама рече дека Холдер ќе се сретне со претставници на ФБИ и Департментот за правда за спроведување на независна истрага околу инцидентот. Националната гарда беше распоредена во Фергусон по неколкудневните протести откако полицијата го застрела Мајкл Браун.

Обама повика на смиреност, додавајќи: „ова е начинот како ние ќе одиме напред заедно, со обиди да се обединиме и да се разбереме едни со други, а не само да се делиме меѓусебно. Грабежите и носењето оружје, па и нападите врз полицијата само доведуваат до хаос и растење на тензиите“.

XS
SM
MD
LG