Достапни линкови

Обама: заземањето на браната Мосул е голем чекор напред


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека повторното заземање на браната Мосул во северен Ирак од страна на ирачките и курдските сили претставува „голем чекор напред“ во борбата против милитантите на Исламската држава. Говорејќи вчера во Белата Куќа, Обама истакна дека САД тргнаа во долгорочна мисија за да ги поразат борците на Исламската држава во Ирак. Тој рече дека една „насилна група“ како Исламската држава претставува закана за сите Ирачани, но оти може да бидат закана и за САД.

Претходно, Исламската држава демантира дека ја изгубила контролата врз најголемата ирачка хидроцентрала, отфрлајќи ги таквите тврдења како „чиста пропагандна војна“.

XS
SM
MD
LG