Достапни линкови

logo-print

Прекинот на огнот во Газа продолжен за 24 часа


Израелски и палестински преговарачи се согласиле на продолжување на привремениот прекин на огнот во Појасот Газа за уште 24 часа, за да се одржат нови разговори околу долгорочно примирје. Ова беше објавено вчера од страна на израелски и палестински официјални лица, пред завршувањето на 5-дневниот прекин на огнот на полноќ по локално време.

Еднодневното продолжување е потврдено и од египетската влада, која соопшти дека палестинската и израелската делегација се согласиле да ги продолжат преговорите во Каиро за траен договор.

Повеќе од илјада и 900 Палестинци и 66 Израелци загинаа од почетокот на израелската офанзива врз Појасот Газа на 8 јули.

XS
SM
MD
LG