Достапни линкови

Папата: легитимно запирањето на агресорот во Ирак


Папата Франциско изјави дека Меѓународната заедница има право да ги запре исламските милитанти во Ирак. Тој ова го истакна за време на враќањето од своето патување во Јужна Кореја, на прашањето дали ги одобрува американските напади против бунтовниците на Исламската држава кои ги присилуваат Христијаните и другите малцинства да ги напуштат своите домови во Ирак.

„Во вакви случаи, каде што има неправедна агресија, можам само да кажам дека е легитимно да се запре неправедниот агресор“, рече папата. Но тој додаде дека ОН се соодветниот форум за разгледување дали постои неправедна агресија и како таа да се запре. Папата нагласи дека една држава не може да суди како да се запре еден неправеден агресор.

XS
SM
MD
LG