Достапни линкови

САД: сириското хемиско оружје е уништено


Белата Куќа соопшти дека целото пријавено сириско хемиско оружје е уништено. Оваа објава доаѓа речиси една година откако администрацијата на Обама го прифати рускиот план- режимот на Башар ал Асад да го пријави своето хемиско оружје и тоа да се уништи во кампања водена од Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО). Околу илјада и 300 метрички тони отровни хемикалии однесени од Сирија беа уништени на американски брод и на локации во Финска и Германија.

Во изјавата на Белата Куќа е подвлечено дека остануваат сериозни прашања во однос на пропустите и разликите во пријавувањето на Сирија до ОЗХО и околу континуираните тврдења за употреба во услови на брутална граѓанска војна.

XS
SM
MD
LG