Достапни линкови

Времето денеска сончево и малку потопло


Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од седум до 19, а дневната ќе биде од 25 до 32 степена. Во Скопје утринската температура се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 30 степени.

И во охридско-преспанскиот регион слично време, со температура до 30, а во дојранскиот до 32 степена.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во четврток ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. До четврток температурата ќе биде во покачување, а од петок ќе има тенденција на благо опаѓање.

XS
SM
MD
LG