Достапни линкови

Македонија и Албанија заедно до енергетска ефикасност


Македонија и Албанија имплементираат меѓуграничен проект за зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија.

Република Македонија и Република Албанија имплементираат меѓуграничен проект за зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија. Проектот, кој е финансиран од страна на Европската унија како дел од ИПА програмата за поддршка на меѓугранична соработка во регионот, за водечки партнери ги има Центарот за развој на југозападниот регион на Македонија и Регионалниот центар на Корча во Албанија.

Го добивме овој грант од ЕУ бидејќи проектот се гледал како интересен. Овој проект делува на зголемувањето на свеста кај граѓаните за енергетската ефикасност, односно за разумно користење на енергијата, а не за штедење и стискање на парите.

Општина Дебар и другите општини во југозападниот регион на нашава земја го поддржуваат овој проект и оценуваат дека тој има големо значење во однос на зголемувањето на енергетската ефикасност. Отворените денови кои се организираат во градовите се дел од проектот.

Зоја Таревска, Центар за енергетска ефикасност на Македонија.

Зоја Таревска, Центар за енергетска ефикасност на Македонија.

Зоја Таревска, проектен асистент на Проектот ИРЕКО и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија вели дека целта на проектот е да се утврди и зголеми употребата на обновливите извори на енергија во Југозападниот плански регион на Македонија и воопшто во прекуграничниот регион на Република Македонија и Република Албанија во регионот на Корча.

„Овој проект се спроведува и преку овие отворени денови кои се организираат, но и преку активности преку општинската администрација во сите општини кои се во овој регион, а истото тоа го прави и албанската страна во регионот на Корча со помош на Центарот за енергетска ефикасност на Албанија во Тирана. Го добивме овој грант од ЕУ бидејќи проектот се гледал како интересен. Овој проект делува на зголемувањето на свеста кај граѓаните за енергетската ефикасност, односно за разумно користење на енергијата, а не за штедење и стискање на парите, туку за комодитет кој ќе го добијат во поинакви услови со тоа што ќе имаат и енергетска ефикасност. Исто така граѓаните треба да станат свесни и за обновливите извори кои што ги поседува регионот, а тоа се сонце и вода кои ги имаме во изобилство и кои може да се искористат во овој регион. Инаку како финален документ ќе се направи една Студија по големите истражувања кои ги спроведуваме и од македонска и од албанска страна за тоа колку овој регион е подобен за да се користи како основа за развивање и на други проекти во оваа сфера“, објаснува Зоја Таревска, проектен асистент на Проектот ИРЕКО и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија.

На отворениот ден во Дебар интересот беше голем од страна на граѓаните, но и од правните субјекти, особено околу ефектите на енергетската ефикасност и штедењето на електричната енергија.

„Во Дебар на отворениот ден има голем интерес кај граѓаните, но и кај правните субјекти за тоа што е енергетска ефикасност. Има прашања во врска со енергетската ефикасност во фирмите и објектите на институциите и во насока на штедењето. Ние им нудиме бесплатни енергетски стручни совети од Центарот за енергетска ефикасност од каде што доаѓаме и на македонски и на албански јазик. Даваме голем број промотивни материјали – прирачници, постери за деца и возрасни. Целта е да се подигне свеста на населението за да се подобри енергетската ефикасност“, додава Таревска.

Во Дебар во рамките на овој проект се одржа и обука за локалната администрација на која беа дадени деталите околу активностите на администрацијата за енергетска ефикасност. На оваа обука беа и претставници на други локални институции. Во последно време во Дебар и околината има и фирми кои веќе користат сончева енергија, меѓу кои е АД „Дебарски бањи – Цапа“.

Овој меѓуграничен проект меѓу Македонија и Албанија за зголемување на енергетската ефикасност досега поттикна десетина фирми и локални институции тие веќе да започнат активности за да бидат поефикасни во користењето на енергијата. Така во неколку училишта и градинки веќе се започнати активности како да се намалат средствата за трошење на енергијата ,а тоа да не влијае негативно, особено во зимскиот период во однос на загревањето на просториите.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG