Достапни линкови

logo-print

Десетици жртви во нападот на украински конвој


Портапролот на украинската војска, Андриј Лисенко.

Портапролот на украинската војска, Андриј Лисенко.

Портапролот на украинската војска, Андриј Лисенко изјави дека десетици лица загинале за време на ракетниот напад врз конвој кој пренесувал бегалци од источниот дел на земјата. Според него, се уште не може да се прецизира точната бројка, но меѓу жртвите има и деца.

Украинските власти соопштија дека сепаратистите истрелале ракета врз конвојот и покрај тоа што на камионите биле развеани бели знамиња. Сепаратистите ги негираа обвинувањата, кои според нив се чиста пропаганда.

XS
SM
MD
LG