Достапни линкови

Ирак-Милитантите негираат дека ја загубиле браната


Милитантите од Исламската држава негираа дека ја загубиле контролата врз најголемата хидроцентрала кај ирачкиот град Мосул. Според нив, тврдењата на властите се пропаганда. Претходно ирачките власти соопштија дека безбедносните и курдските сили успеале да ги истераат милитаните и дека тоа било постигнато со помош на воздушни напади.

САД соопштија дека извршиле 15 напади со беспилотни летала во близина на хидроцентралата. Во меѓувреме Стејт Департментот соопшти дека на листата на терористи го ставиле и портпаролот Исламската држава.

XS
SM
MD
LG