Достапни линкови

САД ставија две нови имиња на листата на терористи


САД соопштија дека на листата на терористи го ставиле портпаролот на милитантната група Исламска држава. Според Стејт Департментот, на листата е и името на милитантот кој избегал од домашниот притвор во Франција и кој и се придружил на групата на Ал Каеда во Сирија, позната како Нусра Фронт.

Мерките забрануваат на државјаните на САД да имаат бизнис соработка со Абу Мухамед ал Адани, роден во Сирија и Саид Ариф, роден во Алжир, при што е замразнат и нивниот имот. Двајцата неодамна исто така се најдоа на црната листа на ОН.

XS
SM
MD
LG