Достапни линкови

logo-print

Пакистан- Опозициски пратеници поднесуваат оставка од функцијата


Имран Кан.

Имран Кан.

Потпретседателот на партијата на опозицискиот политичар Имран Кан соопшти дека одлучиле да поднесат оставка од сите пратенички места во пакистанскиот парламент. Мехмуд Куреши изјави дека одлуката е донесена поради несогласувањата со владата за спорните избори.

Поранешната крикет ѕвезда Кан ги предводеше антивладините протести во Исламабад во изминатите денови, барајќи оставка од владата и нови избори. Другите опозициски партии денеска се оградија од неговиот повик за граѓанска непослушност.

XS
SM
MD
LG