Достапни линкови

Нападнатиот украински конвој бил обележан со бели знамиња


Портапролот на украинската војска, Андриј Лисенко.

Портапролот на украинската војска, Андриј Лисенко.

Украинските власти соопштија дека сепаратистите истрелале ракета врз воен конвој кој пренесувал бегалци и покрај тоа што на камионите биле развеани бели знамиња. Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко изјави дека има многу жртви, вклучувајќи жени и деца. Се уште нема информации за точната бројка на жртви.

Сепаратистите ги негираа обвинувањата, кои според нив се чиста пропаганда. Во меѓуввреме рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека постигнале договор со Украина и со Црвениот крст за расчистување на патот за хуманитарната помош.

XS
SM
MD
LG