Достапни линкови

Осудени тројца опозициски активисти во Русија


Опозициските активисти во рускиот суд.

Опозициските активисти во рускиот суд.

Рускиот суд им додели затворски казни од две ипол до три ипол години на тројца опозициски активисти за нивната улога во антивладините протести на плоштадот Болотнаја во мај 2012 година. Илија Гушчин, Александар Марголин и Алексеи Гаскаров беа обвинети за учество во масовни немири. Опозициските активисти соопштија дека полицијата и провокаторите го предизвикале насилството на протестите, на кои десетици лица беа повредени.

Дваесет и осум лица беа обвинети за учеството во ансилството на протестите. Проминентниот опозициски активист Сергеј Удалцов претходно беше осуден на 4 ипол години.

XS
SM
MD
LG