Достапни линкови

Нападнат конвој на автобуси во Украина


Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко

Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко

Украинските власти соопштија дека проруските сепаратисти извршиле ракетен напад врз конвој на автобуси кој пренесувал бегалци од источна Украина кон Луганск, при што загинале многу од нив, вклучувајќи жени и деца. Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко изјави дека Русија ги снабдила сепаратистите со оружјето. Еден од лидерите на Доњецк, Андреи Пуругин негираше дека сепаратистите се виновни за нападот.

XS
SM
MD
LG