Достапни линкови

Пакистан-Опозицијата го одби повикот за граѓанска непослушност


Имран Кан

Имран Кан

Пакистанските опозициски партии се оградија од повикот на политичарот Имран Кан за масовна граѓанска непослушност за соборување на владата. Во меѓувреме во Исламабад започнаа разговори за да се стави крај на политичкиот ќорсокак по петдневните протести во земјата. Кан предводеше илјадници демонстранти на маршот од градот Лахоре до Исламабад, на кој беше побарана оставка од владата.

Кан ги повика жителите да престанат со плаќањето на сметки и даноци, при што го обвини премиерот Наваз Шариф за злоупотреба на националното богатство за зголемување на неговата бизнис империја.

XS
SM
MD
LG